Камчев поднесе кривична пријава против Катица Јанева, нејзиниот син и Лиле Стефанова


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Орце Камчев, бизнисменот кој е замешан во аферата „Рекет“ како оштетена страна, преку неговите правни застапници поднесе кривични пријави против бившата специјална обвинителка Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и против обвинителката Лиле Стефанова.

Според пријавата на Камчев, кој пак е осомничен за перење пари во случајот „Империја“, тројцата создале група која сакала да извлече имотна корист од него. Кривичната на Камчев следува откако обвинителката Лиле Стефанова не се согласи тој да добие нов времен пасош со кој ќе патува на состаноци во Турција и Швајцарија, откако претходниот пасош што го доби од Јанева му истече минатата недела.

Катица Јанева е второобвинета во случајот „Рекет“ за изнуда на пари од Камчев.