Камерон Дијаз денес – далеку од Холивуд, од актерството, од славата и јавноста


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред пет години славната холивудска и светска актерка Камерон Дијаз ја играше нејзината (засега) последна улога во филмот „Ани“ и оттогаш таа целосно се повлече од лудилото на западниот шоубизнис и јавниот живот.

Во интервју за списанието „InStyle“, едно од ретките кои таа ги има дадено во изминативе пет години, откри каде е, што прави, колку е задоволна од приватноста на интимниот живот далеку од јавноста. 46- годишната холивудска ѕвезда објасни дека доволно долго била во центарот на вниманието и дека е среќна штио тие денови се зад неа.

„Почнав да ја доживувам светската слава кога имав 22 години, што беше пред 25 години. Тоа е одамна. Јас го гледам тоа на начин дека и дадов на јавноста повеќе од половина од мојот живот. Мислам дека е добро да одвојам време за себе, да се реорганизирам и да одберам како сакам да се вратам назад“ – рече таа, додавајќи дека враќањето е сè уште под знак прашалник:

„Воопшто не ми недостасува актерството. Во моментов сум фокусиран на здравјето и на сето тоа. Но, што и да правам или ќе направам, тоа мора да биде со страст, нешто што ме прави среќна и нешто што нема да ми биде тешко“.

Дијаз откри дека не ги сака социјалните мрежи и фактот дека тие денес доминираат во јавниот простор.

„Средината на деведесеттите години беше период што никогаш повеќе нема да се случи. Јас сум многу благодарна што бев сведок и учествував во таа ера. Кога ја гледам технологија сега, неверојатно е. Можете да објавите нешто на Инстаграм во секое време и можете да го контролирате сопствениот наратив, и тоа е неверојатно. Но, вие сте врзани за мобилен телефон и сите се многу зависни . Мислам дека потпирањето на мобилните телефони доведе многумина да изгубат контакт со реалноста и хуманоста“, рече Дијаз.