Казината и обложувалниците ќе одат на минимум 500 метри воздушна линија од училишта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со новите предлог-измени на Законот за игри на среќа, за кој се одржа и собраниска расправа, се предвидува казината и обложувалниците да бидат ограничени на оддалеченост од минимум 500 метри воздушна линија од училиштата.

По реакциите во јавноста околу местоположбата на казината и обложувалниците, главниот фокус на јавната расправа беше дали ќе се постигне посакуваниот ефект, доколку истите се на растојание од половина километар од образовните институции

Дали дислокацијата на казината и обложувалниците на половина километар од основните и средните училишта ќе ги спречи малолетниците да се коцкаат? Ова е главната дилема што се отвори на јавната расправа во собранието околу предложените измени на Законот за игрите на среќа и забавните игри. Измените што се предлагаат, потпишани од пратениците на ДУИ, Ејуп Аљими и Реџаиљ Исмаили, предвидувааат на најмалку 500 метри задолжително да се оддалчени и од универзитети, библиотеки и детски градинки.

,,Потребата од дорегулација на оваа материја се наметна од секојдневните проблеми со кои се затечени граѓаните, општините и самата држава. Оддалеченоста односно неуреденоста на кој простор треба да се наоѓат деловните простории за приредување на игрите на среќа е голема празнина и истите многу често имаат несоодветна местоположба до градинки, училишта.

Дел од здруженијата против коцкање бараат од пратениците да ги изгласаат вака напишаните измени со образложение дека ситуацијата во земјава е алармантна и дека единствено на овој начин ќе ги спречат малолетниците да се коцкаат. Еден од нивните аргументи беше и дека еден од главните виновници за разводите се казината и коцкањето.

Други пак не се согласуваат дека близината на казината влијае на зависноста од коцкање. Универзитетскиот професор Александар Климовски смета дека државата наместо ги дислоцира, треба да ги заостри критериумите за работа на обложувалниците и казината. И директорката на Државна лотарија Катица Николовска Прнаркова на став дека на овој начин ќе се укине оваа дејност преку која се влеваат пари во буџетот и овозможува скоро 8000 работни места.

Пратениците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ засега немаат конкретен став по предложените законски измени ниту пак откриваат дали ќе ги поддржат. Велат ќе чекаат да видат како ќе тече јавната дебата на невладините организации.