Ќе фрчат откази за менаџерите во Mercedes – нема добри вести ни за 300.000 вработени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Опаѓањето на продажбата како резултат на глобалната рецесија не го одмина и поштеди ниту гигантот „Daimler“, кој дополнително има стандардни проблеми со повлекување на модели и казни за дизел моторите со прекумерна емисија.

Еден од начините за борба против ваквите проблеми е да се заштеди, што во превод значи затегнување на ременот за работниците, како и за менаџерите. Во „Daimler“ товарот на рецесијата веројатно ќе го почувствуваат сите вработени. Со овој план за штедење, „Daimler“ ќе го намали бројот на раководни позиции за 10% или ќе отпушти околу 1.100 вработени на раководни позиции (менаџери и директори). Покрај тоа, месечниот додаток за останатите 300.000 работници во Германија ќе биде замрзнат. Веста беше објавена од германскиот „Зидојче Цајтунг“, а потврдата дојде и од Ханделсблат и германската новинска агенција ДПА.

„Daimler“ засега ги демантира отпуштањата, но веста се очекува да ја објави во четврток првиот човек Ола Калениус. Наводно, тој ќе ги замоли работниците да не бараат покачување на платите до следното известување, сè додека не се отстранат последиците од споменатите проблеми со дизел моторите , скапите повлекувања на модели и пазарните предизвици.

Познато е дека трошоците за повлекувањето на 60.000 примероци на дизел моделот GLK, поради преголема емисија достигнаа 2,6 милијарди евра. Значи, не треба да изненадува што во вториот квартал „Daimler“ претрпе минус од 1,2 милијарди евра, за прв пат по десет години.