Филм / ТВ

Ќе влева страв во коски: Погледнете го трејлерот за новиот хорор „The Grudge“

Под продуцентска палка на Сем Раими и режисерска палка на Николас Песке, на почетокот од јануари, 2020 година, својата премиера во светските кино сали ќе ја има новиот хорор „The Grudge“.

Базиран е на јапонскиот хит „Ju-On: The Grgudge“, чија прва американска верзија во 2004 година со Сара Мишел Гелер во главната улога само на американските кино благајни заработи над 110 милиони долари.

Најновата извртена верзија и на најхрабрите ќе им влее страв во коски, а што точно ќе донесе овој нов хорор само најавува неговиот официјален трејлер.

Дејството, како и во претходните продолженија, ги открива тајните на проколнатата куќа која во меѓу своите ѕидови крие страшна смрт и ужас кој ги уништува животите на сите кои ќе го пречекорат прагот.

Во новото режисерско остварување на Николас Песке во главните улоги се јавуваат Андреа Рајсбороу, Демијан Бикир, Џон Чо, Бети Гилпин, Лин Шаји и Џеки Вивер.

Advertisements
To Top