Кинеско земјоделие на темната страна од Месечината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинеската сонда Чанг-4, која носи семе за експериментално одгледување зеленчук на Месечината, се подготвува за прво слетување на Месечината и тоа на нејзината задна страна, кое треба да се случи на 3 јануари, 2019 година, соопшти државната кинеска телевизија.

Сондата, именувана според кинеската божица на Месечината, во неделните утрински часови влезе во планираната орбита, со што би можело да почне слетувањето на површината на Месечината.

Слетувањето се очекува во четврток. Сондата, лансирана на 7 декември, се предвидува да слета во кратерот Аиткен , наречен според американскиот космонаут Роберт Грант Аиткен.

Чанг-4 носи со себе семе за одгледување зеленчук во затворен простор на површината на Месечината. Опремена е со панорамска камера и со мерни уреди.

Поблиската страна на Месечината ја достигна САД меѓу 1969 и 1972 година , каде прати 12 космонаути. Првата советска сонда слета на Месечината 1976 , по што немаше слетувања се до 2013 кога Кинезите за прв пат слетаа со сондата Чанг–3.