Кога луксузниот Ferrari ќе ти остане без гориво на среде улица (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Скап Ferrari автомобил кој останал без гориво на среде улица во центарот на Загреб, закочувајќи го целиот сообраќај во централното градско подрачје, стана вирален хит споделуван на социјалните мрежи во Хрватска.

Новото Ferrari застана на крстосница во центарот на Загреб, пречејќи им на тролејбуси, автобуси и автомобили нормално да се движат во сообраќајот.

Патниците со негодување и сочни коментари чекаа сопственикот на автомобилот да отиде до првата бензинска станица за да наполни бензин и да тргне автомобилот.

Додека го полнеше скапиот спортски автомобил со бензин од канистер, се собраа и пешаци околу него , кои им се приклучија на патниците од трамвајот. На нивните коментари се надоврзаа и оние на социјалните мрежи, откако беше објавено видеото од оваа ситуација.