Advertisements
Вебкафе

Кои луѓе се посреќни – сопствениците на кучиња или тие што чуваат мачки?

Новото истражување кое беше спроведено на оваа тема, дава некој стручен (прашање е дали е и дефинитивен) одговор на прашањето околу кое со децении се препираат сопствениците на домашни миленичиња – „куче или мачка?“

Општата социјална анкета вклучуваше серија прашања поврзани со чувањето на домашен миленик. Анкетата, освен што откри дека шест од речиси десет домаќинства имаат домашно милениче, открива и кои сопственици се посреќни – дали оние ко имаат куче или они што чуваат маче.

Имено, сопствениците на кучиња испаѓа дека се два пати посреќни од оние луѓе кои чуваат мачка како домашно милениче. По степен на среќа, на второ место, после сопствениците на кучиња, се луѓето кои немаат никакво милениче во својот дом.

Со други зборови, според резултатите од ова истражување, сопствениците на кучиња се два пати посреќни од сопствениците на мачки, а се нешто минимално посреќни од оние кои немаат домашно милениче.

Други фактори

Резултатите од оваа анкета дојдоа и до уште поинтересни откритија како тоа дека оние кои се сопственици на кучиња се посклони кон брачни заедници и купување на сопствен дом за живеење отколку луѓето кои преферираат мачки како миленичиња. И двата фактори влијаат на среќата и задоволството во животот.

Анкетата, исто така, поставуваше и серија прашања за тоа како луѓето комуницираат со своите домашни миленичиња, а одговорите, подеднакво, објаснуваат некои разлики во нивото на среќа. Сопствениците на кучиња, на пример, бараат утеха од своето милениче кога се под стрес, си играат со него и го сметаат за член на семејството.

Претходните истражувања на оваа тема дадоа различни резултати. Истражувачкиот центар Pew во 2006 година не пронајде значајни разлики во степенот на среќа меѓу сопствениците на различни миленичиња. Друга студија, пак, од 2016 година, исто така, поголема среќа им додели на сопствениците на кучиња.

Трета студија од 2015 година, присуството на мачки во домот го поврза со помали негативни емоции, но не нужно и со поголем степен на среќа на сопствениците.

Advertisements
To Top