Ковачев: Самуил е бугарски цар, а Прличев е Бугарин, Македонците до 1944 биле Бугари!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Додека Македонија е во фаза на преименување, со што се разнишува и македонскиот идентитет, не стивнуваат антимакедонските негаторски изјави на бугарски официјални лице. Прво, бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов ги разгоре страстите во македонско-бугарските односи, а сега за ова прашање на социјалните мрежи се произнесе и бугарскиот европратеник Анреј Ковачев.

„Македонија треба да биде во НАТО! Треба да се почитува и договорот со Бугарија! Историските избори од минатите векови докажуваат стотици години до 1944 година во географската област Македонија, бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределувале како Бугари! Цар Самуил е бугарски цар на бугарското царство! Григор Прличев е Бугарин! Нема простор за маневрирање, компромис или какво било превртување. Сегашното самоопределување на дел од граѓаните на Република Македонија како Македонци е исто така факт кој треба да се почитува, но не може да се дозволи подбивање со нашите предци!“, пишува Ковачев.