Коѕијас го поздрави Димитров: „Една година, мој пријателе“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со фотографија на која е фотографиран со македонскиот актуелен министер за надворешни работи, Никола Димитров, бившиот прв човек на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, го поздрави својот колега по повод годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор за надминување на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

„Една година, мој пријателе, Никола Димитров“, напиша Коѕијас заедно со фотографијата.

„Направивме историја, размислувајќи за иднината, мој пријателе!“, одговори Димитров под фотографијата и ја сподели на неговиот Твитер профил.