Крај на љубовната „сага“ меѓу Лејди Гага и Кристијан Карино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


32-годишната планетарно популарна пејачка Лејди Гага, која во моментов е во зенитот на нејзината кариера и слава, за жал нема таква среќа и на приватно љубовно поле. Таа и нејзиниот менаџер, 50-годишниот Кристијан Карино ја раскинаа свршувачката и ставија крај на нивната љубовна „сага“.

„Едноставно не одеше. Во таква ситуација најдобро е да се прекине врската без драма” , потврди пријател на познатата пејачка и актерка за списанието People.

Гага и Карино ја почнаа врската во 2017 , а само по неколку месеци почнаа да се шират гласини за нивната веридба. Гласините дека веридбата е прекината почнаа да се шират по 10 февруари на доделите на наградата Греми, кога Гага не го носеше вереничкиот прстен.

Веднаш потоа почнаа да се шират информации за нејзината нова тетоважа, за која дел од обожавателите и медиумите шпекулираа дека е посветена на колегата од филмот „Ѕвездата е родена “, Бредли Купер.