Спорт

„Кралот“ Џејмс сака да си замине од Лејкерс

Најдобриот кошаркар во светот Леброн Џејмс размислува да замине од Лос Анџелес Лејкерс, откако неговиот тим одигра катастрофална сезона, и не успеа да се пласира ни на доигрувањата.

За Леброн ова е прв пат по 14 години да не биде на плеј оф натпреварите, а освен слабите резултати на Лејкерси, како причина тоа што го наведува да замине се спомнува и лошата атмосфера во клубот, по оставката на тренерот Лук Валтон и оставката на претседателот за кошаркарски операции, Меџик Џонсон.

Американските медиуми пишуваат дека после очајната сезона на тимот од Лос Анџелес, НБА ѕвездата ќе побара трансфер, доколку челниците на франшизата не успеат да ангажираат нови засилувања.

Годинава финалните НБА натпревари забележаа рекордно паѓање на гледаноста, а како една од причините првите луѓе на оваа лига го наведоа и отуството на Леброн Џејмс на завршните плеј-оф натпревари.

Advertisements
To Top