Кралски чалам: Своите 15 сопруги ги почестил со по еден Ролс Ројс, а народот нема леб да јаде


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кралот Мсвати III, владетел на една од најсиромашните земји во светот, во која 63% од населението е сиромашно, а повеќе од половината се заразени со ХИВ, е познат расипник кој без мера троши пари на луксузи, додека народот му гладува.

И, единственото нешто што се смени во последните децении е името на државата, кое кралот го преименува од Свазиленд во Кралство еСватини. Тој го стори тоа минатата година на неговиот 50-ти роденден, наводно за да ја одбележи 50-годишнината од „независноста“.

И во таква земја каде што половина од буџетот го добива кралското семејство, време е да се обнови возниот парк. Тој за себе си купи Ролс-Ројс , како и за своите 15 сопруги. Но, тој набавил вкупно 19 луксузни лимузини за секој случај, во случај подоцна да се прижени со уште некоја убавица.

Тој ја прошири својата набавка за уште 120 БМВ автомобили, кои веќе пристигнаа во оваа сиромашна земја. БМВ ги испорача експресно минатиот четврток.

Инаку Мсвати III е еден од најбогатите монарси на светот со богатство проценето на над 200 милиони долари. Само минатата година, на пример, тој се почести со авион од 13,2 милиони американски долари, а има и околу дваесет Мерцедеси С600 Пулман, Мерцедес Мајбах од 550.000 долари, лимузини Ролс-Ројс од кои една чини 625.000 долари и неколку БМВ Х6.