Advertisements
Актуелно

Кривична за скопјанец поради закани на Фејсбук до македонските пратеници

49-годишен маж од Скопје заработи кривична пријава поради закани на Фејсбук упатени до пратениците во македонското Собрание, со образложение дека на тој начин им ја загрозува безбедноста.

Полицијата соопшти дека 49-годишниот маж со иницијали Б.Б. е осомничен за „Загрозување на сигурноста“ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој бил повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети за цел прибирање докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

Advertisements
To Top