Куртоа ги пакува куферите, Зидан носи нов голман во Реал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тибо Куртоа на почетокот на сезоната пристигна како најголемо засилување во Реал Мадрид, но неговата авантура на „Сантиаго Бернабеу“ може да трае многу кратко.

Куртоа пристигна од Челзи за 35 милиони евра и успеа да се избори за местото прв голман, иако Навас неколку години одлично го чуваше голот на „кралевите“. Кај Лопетеги и Солари беше прв избор, но откако Зидан се врати на клупата на „кралевите“ веднаш направи промена на голот и го врати Навас меѓу стативите.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тоа бил јасен знак за Белгиецот дека веќе на лето може да ги пакува куферите и да си замине од „Сантиаго Бернабеу“.

Мадридскиот весник „Марка“ објави дека Зидан е спремен да донесе нов голам во Реал Мадрид, но му порачал на Перез дека тоа единствено може да биде само Давид де Геа.

Зизу е спремен да го премести Навас како резерва, но само доколку Перез го доведе Де Геа од Манчестер Јунајтед, кој според Французинот е најдобар голман во светот во моментов.

Тоа сигурно значи дека Куртоа ќе биде ставен на трансфер листа и дека ќе го напушти Реал после само една година. Доколку „кралевите“ не успеат да го донесат Де Геа, тогаш Навас ќе биде прв голман и следната сезона.