Лебед го гушна човекот кој му го спаси животот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На прв поглед, лебедите делуваат и се одликуваат со префинетост, нежност, елеганција, грациозност и пристапност. Но, секој кој ги познава малку подобро овие прекрасни птици храбро ја бранат својата територија и знаат да бидат доста борбени.

Токму поради овие нивни карактеристики, фотографиите на кои лебед го прегрнува со својот долг врат водителот Ричард Виз, станаа планетарно популарни и ги обиколија медиумите на сите страни од светот.

При една посета на лебедова колонија во Велика Британија, Ричард наиде на лебед кој се повредил при прескокнувањето на жичената ограда. Без размислување ја зел повредената птица во раце и ја одвел на ветеринар на преглед и интервенција.

Ситуацијата завршила среќно благодарение на навремената и добронамерна интервенција на водителот. После неколку години тој повторно ја посетил истата колонија, Виз останал позитивно изненаден од ситуацијата која ја доживеал. Лебедот го препознал својот спасител и му пристапил со љубов и нежност.

„Го зедов во раце и почувствував како срцето забрзано му тропа. Во еден момент го обвитка својот врат околу мојот. Буквално МЕ ПРЕГРНА“, изјави Ричард за Daily Mail.

Репортерите од неговата емисија „Born to Explore“ го снимија овој момент, а фотографиите кои ги направија станаа вирален хит на социјалните мрежи. Бидејќи, ЖИВОТНИТЕ ЗНААТ И ПАМТАТ.