Леонардо Да Винчи во маневрирањето со хеликоптер на опасен терен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Импресивните маневри кои ги направи еден управувач на хеликоптер на француските Алпи за да спаси скијач кој се повредил при скијање го воодушевија светот, а видеото од хеликоптерскиот маневр стана вирален хит.

Со оглед на тоа што несреќата се случила на голема надморска височина, спасувањето можело да биде извршено само со хеликоптер.

Но, поради стрмниот терен, леталото не можеше да биде приземјено, па пилотот го приближи хеликоптерот толку многу, што изгледаше како да има удрено во планината.

На крајот, пред се благодарение на неверојатните маневарски способности на пилотот, скијачот беше спасен и веднаш беше пренесен во болница.