Ливерпул го „краде“ големиот талент на Челзи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никако не завршува приказната околку трансферот на младиот фудбалер на Челзи, Калум Хадсон Одој.

Ходсон-Одој е главна мета на Баерн Минхен кој за него понуди 40 милиони евра во јануарскиот преоден рок. Челзи експрено ја одби таа понуда, но иднината на младиот Англичанец се уште е неизвесна.

Иако Ходсон-Одој јавно побара да му биде дозволен трансфер сепак Челзи сака да го задржи во тимот, иако неговиот договор истекува во 2020 година, па следното лето може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ без обештетување како слободен агент.

Сега се појави нова опција за новопечениот англиски репрезентативец, па можно е да остане на Островот и да премине во редовите на големиот ривал.

Имено, Ливерпул и официјално се вклучи во трката за неговиот потрпис и веќе стапил во контакт со агентот на 18-годишниот фудбалер. Она што секако би го привлекло младиот офанзивец е тоа што за разлика од Челзи, Ливерпул не се плаши да им даде шанса на младите неискусни играчи.

Останува да видиме како ќе се заврши оваа трансфер-сапуница…