Advertisements
Актуелно

Луѓе, не си играјте и чувајте се – изложувањето на сонце е опасно

Потемнетиот тен кој е една од летните естетски „придобивки“ кои ги фаќаме по плажите значи и изложување што подолго на сончевите зраци. Но, тоа лесно и брзо може да заврши со црвенило и пликови по кожата. И тоа не е случај само на плажа, еднакво реална опасност е и во урбаните средини.

Неколку граѓани станале пациенти на клиниката за кожни заболувања поради изгореници по кожата од силното сонце. Докторите велат дека не само на плажа туку кремите за сончање треба да бидат секој ден од подготвувањето пред да излезете надвор.

Кожата ги памети повредите од изгореници и може да создаде поголем проблем за во иднина.

Од завчера во Македонија е прогласена жолта фаза, денеска и утре ќе има температура до 37,а во некои делови и 40 степени, УВ индексот е 9 и е многу висок. Градежните работници бараат да се донесе одлука да не работат на отворено од 11 до 17 часот. Засега нема најава за портокалова фаза која се прогласува кога температурата е над 40 степени, тогаш важат препораките да не се работи на отворено од 11 до 17 часот, бремените жени и лицата над 60 година да не одат на работа.

Advertisements

Најпопуларно

To Top