Македонија го стартува Светското првенство: Против Јапонија само победа!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија ќе го отвори Светското Првенство во ракомет против Јапонија, една од најдобрите азиски селекции. Јапонците дојдоа на шампионатот со вајлд-карта, но одиграа одлични подготвителни натпревари. Токму тие дуели, треба да бидат опомена за раул и македонските репрезентативци пред овој меч, бидејќи секое опуштање може да заврши трагично.

Македонија значително подмладена

Македонија е во процес на подмладување, а Гонзалес има на располагање мешавина на искусни и млади играчи. На некој начин, тоа што Раул Гонзалес го започна на Европското Првенство во Хрватска го продолжува на овој шампионат, со уште помлад тим. Интересно е и тоа што за прв пат од кога Македонија редовно игра на големите натпреварувања има само три ракометари на Металург. Исто толку ракометари доаѓаат од Еурофарм Работник и двајца од Вардар. Тоа значи пак дека по долго време, Македонија во своите редови има повеќе интернационалци, отколку домашни ракометари.

Досега се “крстевме” во одбраната, сега е време да веруваме во нападот

На Светското првенство 2009 во Хрватска и повторно на ЕУРО 2012 во Србија, еден македонски играч беше најдобриот стрелец на првенствата – Кирил Лазаров. Тој стана прв и досега единствен во историјата со 1.000 голови и тоа е достигнување кое тешко дека ќе се повтори.

Македонската гол-машина се уште е најсилната алка на тимот, и повторно тој ќе ја преземе најголемата одговорност кога станува збор за офанзивата. Противниците во групата Ц ќе имаат потешкотии да најдат начин да го запрат еден од најдобрите играчи во светот.

Покрај тоа Филип Талески и Филип Кузмановски ќе го поддржат на бековските позиции. Македонија по долго време има висока бековска постава со силни шутери од надворешните позиции. Ако Кузмановски и Талевски на предходниот шампионат беа млади и неискусни, сега тоа не смее да биде алиби за евентуиално нивна слаба игра. Добро е тоа што тие се свесни за тоа и најавуваат дека ќе преземат поголема одговорност. Доколку се случи тоа, Лазаров ќе има далеку полесна задача отколку досега, а тоа ќе биде огромен плус за Раул и Македонија. Дејан Манасков има одлична голгетерска сезона во својот тим. Ако тоа го преслика во националниот тим, тогаш Македонија ќе биде добро покриена и по крилата. Второто крило Гоце Георгиевски е стандардно добар, има добра сезона и ќе биде одлично надополнување за Манасков на спротивната страна.

Македонија е огромен фаворит

Македонија има повисоки ракометари, одлични бек шутери кои со скок играта од девет метри можат лесно да го торпедираат голот на Јапонија. Искуството исто така е на страна на Македонија, а тука ќе биде и подршката од трибините. Единствена предност на Јапонија ќе биде брзината, но тоа не би требало да претставува посериозен проблем. Јапонците ќе играат брз центар, а тоа значи дека Македонија нема да може да прави премногу замени напад-одбрана по постигнување на гол. Раул очигледно ќе смисли нешто друго, бидејќи и тој е свесен дека Македонија ќе биде во подобра позиција пред останатите дуели на првенството доколку рано го скрши отпорот на Јапонија. Ќе се обиде да ги сочува силите свежи, што би било голем плус пред продолжување на шампионатот.

Целосниот текст можете да го прочитате на специјализираниот портал kladenje.mk