Макрон: „Поарно легални мигранти од Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска отколку илегални Бугари и Украинци“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Официјална Софија и цела бугарска јавност остана шокирана и револтирана од изјавата на првиот човек на Франција, претседателот Емануел Макрон, во врска со миграциското прашање во Франција и Европа.

Макрон за француски десничарски весник коментираше дека претпочита во својата земја легални мигранти од Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска, кои ќе работат наместо нелегални работници од Бугарија и Украина, пренесе Бугарската национална телевизија.

„Претпочитам луѓето да доaѓаат легално од Гвинеја или Брегот на Слоновата Коска, отколку илегални бугарски или украински подружници“, рече Макрон.

На француски јазик: Je préfère avoir des gens qui viennent de Guinée ou de Côte-d’Ivoire légaux, qui sont là et qui font ce travail, que des filières bulgares ou ukrainiennes clandestines.

Во дел од меѓународните медиуми, како и во бугарските медиуми, цитатот е преведен како „бугарски и украински банди“, пишува „Јуропиан вјус“.

„Јас категорично ги отфрлам сите обиди за дискредитација на нашата земја, како и кршењето на правата на бугарските граѓани“, се огласи на Фејсбук бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

„Оваа изјава е навредлива за бугарската заедница во Франција. Слушнав дека тие се многу огорчени, бидејќи се добро интегрирана заедница и во секој случај не сметаме дека предизвикуваат проблеми“, се огласи и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која побара од бугарскиот амбасадор во Франција, АНгела Чолаков, да испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Франција во врска со оваа изјава на Макрон.

Извор: Макфакс