Маловишта и потпелистерски снежни импресии – поздрав од Мала Чука


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мала Чука е врв од 2.009 метри надморска висина, кој воздушно му фаќа каршилак на горделивиот Пелистер, заедно со своите побратими Вртешка и Голема Чука, трите извишени над потпелистерското село Маловишта.

1

2

Денешниот саботен ден беше неодоливо сончев и како порачан за планински авантури, импресии, опуштање и физичка активност која ќе не тргне од репетитивната секојдневност на урбаните обврски. Изборот овој викенд падна на врвот Мала Чука, кој се наоѓа над селото Маловишта, на потегот помеѓу Вртешка со Свети Спас и Голема Чука, од каде, преку месноста Два Гроба, се продолжува кон пелистерските висини на Баба Планина.

24

Тргнувањето е од селскиот спокој на Маловишта, преку симпатичните мовчиња кои надвисуваат над водите од реката Шемница, нагоре кон манастирот Света Ана со новите конаци, кој тихува над маловишката идила, удобно вгнезден во буковата шума на Баба Планина.

4 5

6

7 8

Од средсело не испратија со пожелби за убав ден и помин на планина маловиштани, срдечни луѓе секогаш расположени да скршат два-три муабети со намерниците кои поминуваат низ тесните селски сокаци на некогаш развиеното и богато село кое тивко копнее за славните и исполнети денови од неговите најдобри времиња.

3Поглед кон Вртешка

9 10Низ буковата шума

Потоа турата продолжува кон Кодро, каде патеката се дели десно за врвот Вртешка, каде се наоѓа и манастирот Свети Спас, а лево за (како што ги викаат локалците и битолчаните) Чуките, поточно врвовите Мала и Голема Чука.

11 12 13

А попатно снег, сонце, песот другар кој случајно тргна од Маловишта со нас и не следеше до самиот врв и назад до селото, муабети, уште повеќе тихување и уживање во мирот на успокоената планина во кој можеш раат да си ги чуеш сопствените мисли и интроспективно да си продреш во најдлабоките сфери на себството.

29

14 15 16 17 18

Сè на сè, фантастичен ден за одлична и релаксирана тура кој истовремено продуктивно ќе ве подумори, но и квалитетно ќе ве одмори и опушти. Уживајте во фотографиите.

19 20 21 22 23 24 25 26 27 28

Фотографија и текст: Александар Војнески