Advertisements
Спорт

Манчестер Јунајтед го сака Бејл… ама на позајмица

Раководството на Манчестер Јунатед е заинтересирано за можноста да го донесе Герет Бејл од редовите на Реал Мадрид, тврдат медиумите на Островот.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ не сакаат да го купат Велшанецот, туку да го донесат на позајмица на „Олд Трафорд“.

Познато е дека Реал Мадрид повеќе нема да смета на Бејл, па идејата на Јунајтед е да го донесе играчот на едногодишна позајмица, со можност за откуп следното лето.

Од Реал Мадрид се надеваат да го продадат еден од најскапите свои фудбалери и му поставија цена од 80 милиони евра. Меѓутоа, проблем е што Бејл има висока плата од 17 милиони евра, која заинтересираните клбови не се спремни да му ја дадат.

„Кралевите“ ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да го вклучат Бејл во преговорите со Пол Погба. Шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да го понуди Бејл и пари за да го добие потписот на Французинот.

Во секој случај, ова лето ќе биде „жешко“ на релација Мадрид – Манчестер.

Advertisements

Најпопуларно

To Top