Мандатот од Груевски денес на дневен ред од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес на дневен ред од седницата на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања е утврдувањето на предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство повеќе од шест месеци.

Седницата е закажана врз основа на претходно известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, доставено на 15 мај.

Според член 59 од собранискиот Деловник, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

За одземање на мандатот потребно е предлогот да го поддржат две третини од пратеници или 80 гласа „за“. Пред шест месеци Собранието не успеа да изгласа одземање на мандатот на Груевски на предлог на истата комисија со образложение дека тој е недостоен да ја извршува пратеничката функција поради изречената двегодишна казна затвор за набавка на луксузниот мерцедесот за случајот „Тенк“ на СЈО.

Пратеникот и поранешен премиер Груевски лани, во месец ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. Покрај правосилната пресуда од двегодишна затворска казна, тој е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април.