Матичните општи лекари, гинеколози и стоматолози добиваат 15 отсто зголемување на капитацијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На прес-конференцијата која ја одржаа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани, беше најавено дека се зголемува капитациониот бод на матичните општи лекари, гинеколози и стоматолози, кој ќе биде повисок за 8 денари, пренесува Нова ТВ. За оваа цел од Буџетот се обезбедени 465 милиони денари.

За сметка на тоа лекарите од примарното здравство ќе го понесат товарот на превентивата (карцином на дојка, прекумерна тежина на децата), ќе ги следат и ќе препишуваат терапија на хроничните болни, ( пример, менталните болести, бронхијална астма), што досега не можеа да го прават.

„Со ова матичните лекари ќе можат да пружат подобри услуги, ќе се избегне праќањето во секундарно и терцијално здравство, а се поттикнува превентивната заштита’, рече Дончев на денешната прес конференција во Владата.

За 15 проценти зголемени се и средствата за надоместок на специјалистичките ординации . За оваа цел се обезбедени 62 милиони денари годишно. Од 1. ноември од 16 на 18 проценти се зголемува надоместокот за одредени лекови, а 180 денари по рецепт за скапите лекови.

Министерот Филипче рече дека ова е дел од реформата за дијагностичко сродни групи започната минатата година, која се базира на словенечкиот модел. Филипче не смета дека префрлајќи го товарот на матичните лекари за специјалистички области може да дојде лекарски грешки.

Се зголемува и надоместокот на приватните специјалисти стоматолози кои имаат договор со ФЗОМ ќе добијат исто така зголемување. Специјалистите по протетика и рална хирургија наместо 90 000 денари ќе добиваат 103 000 денари или 15 проценти зголемување. Надоместокото на стоматолозите ортодонти од 97 000 денари се зголемува на 111 000 денари или тоа е 15 проценти зголемување.

Според премиерот, оваа стимулација со повисока вредност на капитацијата ќе мотивира поголем број лекари од општа пракса да специјализираат семејна медицина, а проширувањето на поголем број услуги од страна на медицинските сестри ќе поттикне вработување на трет или четврти член во тимовите на матичните лекари.

Во врска со укинувањето на квотите за лекови од 1 октомври, рече дека овој месец граѓаните можеа да се уверат, има достапни лекови во текот на целиот месец.