Славни

Меган Маркл со своето барање остави 40 гости во ходникот од ВИП ложата на Вимблдон

Присуството на војвотката Меган Маркл на тенискиот дуел меѓу Серена Вилијамс и Јулија Георгес на Вимблдон, за нејзините обожаватели и светските медиуми, значеше вистински спектакл. Но, за останатите ВИП гости не беше некое воодушевување.

Безбедносната служба на престижниот тениски турнир во ВИП ложата забрани фотографирање на војвотката поради нејзинта „приватност“, што предизвика нервоза, револт и негодување кај останатите гости во ВИП ложата.

Една од ВИП гостинките на Вимблдон беше и 64-годишната спортска новинарка Сели Џонс. Додека таа се обидуваше да ја фотографира Серена Вилијамс во игра, кон неа пријде член од обезбедувањето и ја предупреди да го прибере фотоапаратот, покажувајќи на војвотката и додавајќи дека не смее да се фотографира.

„Војвотката не ја ни видов дека е тука сè додека тој не ми ја покажа“, изјави новинарката на Telegraph.

„Стотици луѓе фотографираа, а јас го прашав дали размислил да поразговара со камерманите кои го снимаа мечот. Изгледаше дека му е непријатно“, додаде Сели.

Меган седеше во празниот дел од ВИП ложата со две пријателки, а зад нив седеа членовите на обезбедувањето и нејзината ПР агентка. Приватност преку безбедносните служби Меган побарала на тениски дуел со 12.000 посетители и повеќе од еден милион гледачи пред малите екрани. Поради 40-те празни места кои „ѝ беа потребни за воздух“ остави 40 гости во ходникот од ВИП ложата, без можност да уживаат во тенискиот дуел.

За разлика од неа, многу поскромната друга кралска снаа, војвотката Кејт Мидлтон, при нејзината посета на Вимблдон седеше меѓу луѓето, без пропратни помпезности и суетни барања и услови.

Advertisements
To Top