Вебкафе

МЕЃУДРЖАВНИ ГРАНИЦИ – вака изгледаат тие ширум светот

Според дефиницијата во геополитички контекст, границата е географска линија помеѓу два политички ентитети, како што се држави, области, територии, општини. Границите се поставуваат преку согласност меѓу политичките ентитети што ги контролираат односните региони, а создавањето на ваквата согласност се нарекува гранична делимитација.

Некои граници, како меѓуопштинските и границите меѓу регионите во рамките на една држава, се најчесто отворени, и сосема неконтролирани. Други граници се делумно или сосема контролирани, и може да се преминат на граничен премин. Границите може да имаат тампон зона.

Во минатото многу граници не биле со јасно дефинирани линии, што денес е сè поредок случај. Повеќето земји имаат своја гранична контрола заради регулирање или забрана на движењето на луѓето, животните и добрата во и надвор од земјата. Според меѓунароните закони, на секоја земја ѝ е дозволено да донесе свои закони и прописи кои треба да се почитуваат за да се помине границата.

На некои гранични премини потребни се документи како пасош и виза, или друг вид на документ, на пример лична карта, за да можат луѓето да ја преминат границата.

Од друга страна пак, границите меѓу земјите кои припаѓаат на Шенген зоната како и руралните делови од канадско-американската граница, речиси да не се обележани.

Advertisements
To Top