Advertisements
Вебкафе

Мексикански градоначалник преправен во бездомник ги тестираше социјалните служби

Градоначалникот на мексиканскиот град Куаухтемос, 57-годишниот Карлос Тена, преправен во бездомник со посебни потреби, ги стави на тест односот и работата на социјалните работници во градот без тие да го знаат тоа.

Градоначалникот Тена останал шокиран кога побарал, а вработените во социјалната служба одбиле да му дадат оброк, кој законски му следувал и се однесувале со него дискриминирачки.

Тој за да делува поубедливо изнајмил и инвалидска количка, а својата маска ја подготвувал два месеци.

„Целта на овој експеримент беше да се покаже реалноста со која граѓаните секојдневно се соочуваат“, изјави Тена, кој важи за голем борец за човековите права.

Advertisements
To Top