Mercedes им прави ќеф на младите Американци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На њујоршката презентација автомобилскиот гигант Mercedes ја промовираше лимузината од А класа во издание на AMG, со која сака да ги освои симпатиите и да ја придобие наклоноста на младите Американци.

Во месецот кога сите производители ги промовираат своите модели само на саемот во Женева, во Mercedes зачуваа уште еден нов модел. Станува збор за лимузина А35 со нова каросериска изведба.

Моторот е 2.0 турбо со 306 КС и 400 Nm. За само 4,8 секунди автомобилот стигнува од 0-100 км/час. Ценатасе очекува да биде од 45.000 долари.