Меси донесе одлука околу обновувањето на договорот со Барса!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред извесно време претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу изјави дека постои клаузула во договорот на Меси што му дозволува да ги напушти Каталонците пред последната сезона од неговиот договор, односно наредното лето.

„Меси има договор што го потпиша пред две години за уште четири. Пред последната сезона 2020-21, тој може да ја напушти Барселона, да се повлече од фудбалот или да игра каде што сака, изјави Бартомеу во септември.

Сепак, во Барселона никој не се сомнева во лојалноста на Лео Меси, иако тој самиот призна дека пред неколку години имало момент кога можел да го напушти клубот.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Меси наскоро ќе потпише нов договор со Барселона. Во интервју за каталонското радио „РАЦ-1“, 32-годишниот Меси изјави дека е подготвен да го обнови договорот со шпанскиот шампион.

„Ако клубот ме сака, јас ќе бидам поласкан. Мојата идеја е да останам тука засекогаш. Секогаш било така и останува така. Ништо не се променило“,изјави Аргентинецот, кој додаде дека нема да има проблем во преговорите.