Advertisements
Спорт

Меси измисли „паненка слободен удар“, играчот на Еспањол сам си даде гол (ВИДЕО)

Лионел Меси оваа сезона слободните удари ги изведува маестрално.

Денес се одигра градското дерби помеѓу Барселона и Еспањол. Еспањол се држеше добро се до 71-та минута кога фудбалерот на Еспањол, Санчез си ја погоди сопствената мрежа.

Меси имаше слободен удар во опасната зона, на работ од шеснаесетникот. Аргентинецот се одлучи за „мека“ пласирана топка во стилот на препознатливата паненка кога се пеналите во прашање. И веројатно голманот на Еспањол ќе успееше да одбрани доколку Санчез буквално не си ја сместеше топката самиот во мрежата.

 

Advertisements

Најпопуларно

To Top