Меси: Син ми ме прашува, тато, зошто те критикуваат во Аргентина?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси изјави дека му е многу тешко поради тоа што недостасуваат очекуваните резултати со Аргентина.

Меси искрено зборуваше за аргентинските медиуми и призна дека многу тешко ги поднесува критиките од татковината.

„Очајнички посакувам да освојам нешто со репрезентацијата. Посакував да се вратам и да играм големи натпревари. Кога донесов одлука да се вратам во националниот тим добив многу критики. Мојот шестгодишен син ме праша зошто ме критикуваат во Аргентина“, открива Меси.

„Му реков дека тоа се само неколку луѓе. Ја покажав мојата желба да играм за Аргентина и мислам дека не треба на никого да се докажувам. Луѓето измислуваат секакви работи за мене и на крајот јас сум кучкин син“, додаде Меси и призна дека бил многу лут после поразот од Франција на Мундијалот.

„Ја напуштив репрезентацијата и едноставно не зборував со никого од Сјузот. Подоцна ми се јави Лионел Скалони и ми рече да се одморам некое време и дека тој посакува повторно да се вратам за да започнеме нова фаза“, откри Меси.

Меси тврди дека транзицискиот период е нормален за секој тим, па и за репрезентацијата, но тоа требало порано да се направи.

„Имаме одлични фудбалери во тимот, добри момци. Освен тој меч со Венецуела игравме доста добро. Гледам и како некои играчи се развиваат во своите клубови и задоволен сум како напедуваме како тим“, заклучи ѕвездата на Барселона.