Advertisements
Актуелно

МИА од Брисел: Засега нема датум за преговори со Македонија за влез во ЕУ

Според информациите кои ги пренесува дописничката на МИА од Брисел, нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на министри на Европската Унија не содржи датум за отпочнување на преговорите на Македонија за зачленување во унијата.

Овие нацрт-заклучоци, кои треба да бидат разгледувани и на експертско, амбасадорско и министерско ниво, не се конечни, но засега шансите за консензус помеѓу земјите членки за одредување датум за преговори се минимални.

Во заклучоците, сепак, ЕУ признава дека Македонија ги исполнила условите за почеток на преговори. Земјите членки на ЕУ ги набројуваат во детали исполнетите услови поставени минатата година, како што се реформите во судството, во разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против корупцијата.

Уште еднаш ги поздравуваат билатералните договори со Бугарија и Грција, и нагласуваат дека Преспанскиот е „пример за другите во регионот“.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека, Македонија треба да продолжи со лобирање за членство во ЕУ. По песимистичките најави дека е можно датумот да се одложи најрано за есента, Жбогар вели дека сè уште не е доцна да се издејствува датум и порано.

Advertisements

Најпопуларно

To Top