Милан – 119 години на љубов и гордост!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот гигнат Милан денес го празнува својот 119 роденден. На денешен ден во 1899 година, Херберт Калпин го основал фудбалскиот клуб Милан, кој денес е еден од најтрофените клубови во Европа.

Миланскиот гигант е првиот италијански клуб кој ја освоил Лигата на шампиони, во 1963 година, а потоа истиот успех го повторил и во 1969 година. Сепак, најславниот период го доживува после 1986 година кога на чело на клубот доаѓа Силвио Берлускони.

Денес Милан има седум титулу во Лигата на шампиони и 18 Скудета во Италија, плус бројни интернационални трфеи, што го прави еден од најтрофејните клубови во Европа.

Притоа, во Милан продефилираше голем број на фудбалски ѕвезди и легенди, па денес „росонерите“ можат да се пофалат со 9 освоени „Златни топлки“.

Во 2011 година Милан го освои последното Скудето, а последен трофеј во витрините е Суперкупот на Италија во 2016 година.

Од минатото лето клубот е во сопственост на американскиот фонд „Елиот“, откако претходно една година беше во сопственост на кинескиот бизнисмен Јанхонг Ли.

Среќен роденден „росонери“!