Милан носи големо засилување од Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.

Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и се чини дека „росонерите“ со нив направија полн погодок.

Спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања, а шпанските медиуми откриваат дека следна трансфер цел на Милан ќе биде играчот на Барселона, Малком.

22-годишниот Бразилец минатото лето пристигна во Барселона за 40 милиони евра, но не успева да се избори за голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.

Леонардо имал средба со неговите агенти и ги започнал преговорите, па се очекува во наредните недели да испрати понуда до каталонскиот клуб.

За Маком интерес покажуваат и други европски клубови, па Милан сака што е можно побрзо да го договори трансферот за да ја победи конкуренцијата.