Миле Паника за „Нашата земја“: Што се сме погодиле! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По повод последните практики од владините претставници да го избегнуваат името на Македонија и наместо тоа да ја користат фразата „нашата земја“ со коментар на Инстаграм се јави популарниот комичар Бранко Огњановски, алијас Миле Паника.

Тој сподели дел од еден скеч од 1997г, каде професорот Цацко Конопишки го кара и го подучува ученикот Тошо Малерот дека не треба да го користи името Македонија, туку наместо тоа да напише „нашата земја“. Се разбира тој скеч, беше иронија на тогашните практики на странските претставници да ја користат фразата „вашата земја“, но судбината сакала К-15 да бидат визионери и она на што се смеевме пред 20 години да стане практика денес во Македонија.

Имено, откако со Преспанскиот договор беше сменето името на Македонија во Република Северна Македонија, македонските граѓани не се согласија со терминот „Северна“ па поради тоа веројатно владините претставници се почесто изговараат „нашата земја“, наместо Македонија. Да биде иронијата поголема, еден од советниците на сегашниот премиер Заев е токму Љупчо Бубо Каров, алијас Цацко Конопишки.

https://www.facebook.com/politickicirkusMK/videos/928874380791448/
https://www.facebook.com/amanbe.mk/videos/371981813722762/