„Мисијата завршена“: Трогателна фотографија од лабрадорот кој ги расплака Американците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во петокот, на 94-годишна возраст, почина бившиот претседател на САД, Џорџ Буш Сениор, а трогателната фотографија од неговото куче-помошник кое тажно лежи покрај неговиот ковчег ги обиколи сите светски портали и медиуми.

Поранешниот портпарол на Буш, Џим МекГрат, фотографијата ја објави на Твитер, а илјадници Американци во коментари признаа дека истата ги трогнала до солзи. Во описот на фотката стои кратко „Мисијата завршена“.

Буш Постариот го доби лабрадорот Сали од невладината организација VetDogs, со цел тоа да му помага во секојдневието отворајќи му врата, собирајќи некои предмети за него или повикувајќи помош, бидејќи Буш страдаше од Паркинсонова болест.

Сали има и свој Инстаграм профил, каде има над 80.000 следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sully H.W. Bush (@sullyhwbush) on