Модерното ропство во пораст – сите ние сме корисници на производите од истото

Brick Factory, Nepal

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


40,3 милиони луѓе, од кои поголем дел жени, изминатата година живееле во услови на модерно ропство, потврдуваат статистичките податоци од извештајот на организацијата „Вок фри инишатив“.

Истражувачите на оваа организација тврдат дека ропството не е укинато во 19 век, туку само ја променило својата форма.

Иако не постои официјална законска дефиниција на модерното ропство, ОН го опишуваат како работни услови во кои луѓето работат недоброволно и под закана од некаква казна. Од организацијата Вок фри инишатив сметаат дека модерното ропство е во пораст, и тоа особено во синџирот на производство на различни добра.

Истражувачката од Вок фри инишатив Кетрин Брајант тврди дека 16 милиони луѓе кои работат во модерно ропство работат во индустрии кои не подлежат на никаков надзор.

Помалку од 40 земји, од вкупно 183 земји кои биле вклучени во истражувањето на оваа организација, имаат закони и разработени системи со кои се трудат да го спречат ваквиот облик на труд. Но дури и таму каде што постојат, не се спроведуваат сосема успешно. Модерното ропство е тешко да се открие.

Голем број земји кои извезуваат различни производи имаат голем процент на луѓе кои работат во услови на ропство, односно во долги смени и исцрпувачки услови и без можност да го напуштат работното место. Модната и технолошката индустрија се двете гранки во кои има голем процент присилни работници и работнички.

САД се најголемиот увозник на производи кои се создаваат со робовски труд иако постојат напори и законски рамки со кои тоа треба да се спречи.

„Експлоатацијата на трудот се шири“, вели Брајант и додава дека има сѐ повеќе такви примери па потешко е да се дефинираат и контролираат. Голем проблем е и недостигот од образование на експлоатираните работници.

„Видовме случаи во кои луѓето се злоупотребувани и воопшто не сфаќаат дека се наоѓаат во ропски услови“, истакна таа.