Спорт

Му покажа жолт картон на Кака, па си доби селфи (видео)

На егзибициски натпревар во Израел настапија голем број фудбалски ѕвезди од Бразил.

Правдата ја делеше жена судија, која е голем фан на Кака, па направи се за да добие селфи со легендарниот фудбалер.

Дуелот заврши со триумф на Бразил со 4:2, стрелци на головите за „кариоките“ беа Бебето, Роналдињо, Кака и Аморосо.

Во еден момент судијката без никаква причина го прекина мечот и му додели жолт картон на Кака, па го искористи тој момент за да направи „селфи“ со Бразилецот.

Advertisements
To Top