На 9 јуни полумаратон „Струмица на улица“ за отворање на СОФ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Годинашното издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал ќе започне со масовен спортски настан поддржан од целата атлетска елита и струмичките рекреативци. Настанот „Струмица на улица“ годинава ќе се одржи по втор на 9 јуни 2019 година.

За отворањето на #соф2019 учесници од сите возрасти и различни земји ќе трчаат по осветлените булевари на ноќните трки од 5, 10 и 21 километар, а публиката ќе има единствена шанса да ги бодри во нивите напори да се надминат себеси.

Во тек е пријавувањето на учесници кое може да се направи на следниот линк >>
https://strumicanaulica.jugoistok.org/

„Стартните пакети за сите учесници пријавени заклучно со трета фаза на регистрација (до 20 мај 2019) во сите категории вклучуваат брендирани Dri-FIT маички. Учесниците кои ќе се пријават после овој датум, ќе имаат можност да купат брендирана Dri-FIT маичка со подигање на стартните пакети со специјален попуст од 25% по цена од 300 денари (редовна цена 400 денари)“, велат од ЗСК „Југоисток“ и „Културен забавен живот“- организатори на спортскиот настан.

Фестивалот Струмица ОПЕН ќе трае од 9 јуни до 18 август, а освен музичките концерти дел од програмата ќе бидат низа спортски настани како: Street basket, аеробик во парк, планинарски и велосипедски тури на Беласица и Цареви кули.