На граничен премин „Богородица“ фатени над 50 килограми марихуана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Татко и син од Албанија решиле во специјално создадени бункери под седиштата на автомобилот да ја прошверцуваат дрогата во Грција.

Откако биле спречени во тој обид од страна на граничната полиција и цариниците на граничниот премин „Богородица“, тие признале дека марихуаната е одгледана на полињата во Албанија, каде еден килограм на пазарот чини околу 200 евра.

Дрогата во земјава ја внеле преку преминот „Свети Наум“, но не успеале во намерата да ја преминат границата кон Грција. Според Царината, клучно било доброто профилирање од страна на дежурните инспектори.

Настанот се случил вчера околу 11 часот, а против приведените 44 годишен татко и неговиот 18-годишен син ќе бидат поднесени и кривични пријави.