Најава: Следува Конект Фестивал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот средношколски фестивал Конект Фестивал по трет пат заедно во организација со средните училишта „Никола Карев”, „Орце Николов”, „Јосип Броз Тито” „Георги Димитров” и  „Раде Јовчевски Корчагин“ ќе ја разведри енергијата на градот. Главната цел на фестивалот е да се организираат серијал од настани кои ќе бидат интерактивни, меѓугимназиски и инклузивни. Како и ланската година така и oваа фестивалот ќе содржи вкупно 6 настани, по еден во секоја гимназија и главен завршен музички настан кој ке се одржи на школка во Градскиот парк. Фестивалот ќе се одржи неделата од 8ми до 13ти Април.

Овогодинешната програма почнува во Орце Николов со настан кој е втемелен во натпреварувачки дух. Со почеток во 19:00 натпреварувачите од гимназиите ќе имаат можност да се натпреваруваат во “Трка на Штикли” и Fiba 3×3 U18 турнир по кошарка и воедно луѓето што на лице место ќе сакаат да бидат дел од настанот ке имаат можност да играат Dodgeball. За доброто расположение ќе се погрижи едниот Тони Зен. Вториот ден е резервиран за импровизации во Корчагин, каде што средношколците од повеќе средни училишта ќе ги покажат своите имповизациски способности, а за крај настанот ќе биде финиширан од импров групаta „Настап“. Во среда сите сме во Георги Димитров на панел дискусија со проф. по психологија Ана Фрицханд, а Бубо К-15 и Весна Бејби ќе ја споделат нивната богата историја, истовремено смеејќи и инспирирајќи не’. За време на настанот ќе бидат поставени штандови за донации, ”Чекор по Чекор”, штанд за размена на книги и изложба на дела. Четврток во Карев ја изразуваме нашата креативност со овозможување на правење на Custom ранец/маица. Атмосферата ќе биде збогатена со разни додатни ефекти, а за журката на кругче ќе се погрижат Скопски Грув. Петочкото Рандеву ќе се одржи годинава во Јосип каде што ќе можете да дојдете и да го пронајдете вашиот дејт!


Главниот настан на 13ти Април го завршуваме појако од било кога со досега невиден line-up. Почетокот е во 18:00 часот со Скопски Грув и специјалитетите на Fat kitchen и Mr. Hot Dog меѓу другите.. (Nameless) За тие што имаат креативни нагони ќе има поставено кола која што ќе може секој по своја желба да ја украси/исцрта со спрееви. Главната точка е во 20:30 каде што Панчо Shorty P и DJ Чваре ќе настапуваат back 2 back, што би значело наизменично пуштање на музика. Двајцата еминентни ДЏеји не биле до сега видени во иста соба, а камоли на ист подиум што само гарантира за досега невидена одлична атмосфера. Мастермајндот Брус од Foolish Green, кој воедно има продуцирано бројни песни и за Легијата е тука да му даде нова димензија на настанот. Иднината на македонската хип-хоп култура ќе се погрижат да ни дадат една увертира за што не чека во иднина на македонската музичка сцена. Од Matej Foltz и ZeeBomb до S.A.M., Dope Kukjata и Крајм спектарот на перспективните рапери е широк за настанот на 13ти Април. Вечерта ќе се префрли на повеќе House и Techno звуци со колективите Pirka и Techtum, колективи кои играат значителна улога на скопската техно сцена. Така и ќе ја завршиме вечерта, со тоа што расположението за играње ќе не одржува во живот до самиот крај.