Наполи влезе во трката за тинејџерската сензација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Помеѓу клубовите кои „полудеа“ за тинејџерската сензација од Салзбург, Ерлинг Халанд се вклучи и Наполи.

Најмногу Халанд се прослави со одличните настапи во Лигата на шампионите каде што во овој момент е прв стрелец со шест гола. Освен во Лигата на шампионите, Халанд е одличен и во другите натпреварување. Во австријската Бундес лига постигна 12 голови на 10 натпревари, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Манчестер Јунајтед и Јувентус веќе ја започнаа битката за 19-годишниот напаѓач, а сега во трката се приклучи и Наполи.

Според информациите најпознатиот светски агент, Мино Раиола веќе работи на овој трансфер и стапил во контакт како со Јувентус, така и со Наполи.

Австрискиот клуб за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која Наполи е спремен да ја плати.

Останува да видиме кој ќе ја добие битката за потписот на Халанд.