Научна реалност

Научниците од НАСА открија нова планета три пати поголема од Земјата

На годишниот научен собир во Сиетл, научниците и истражувачите од НАСА соопштиле дека телескопот Тес открил нова планета, надвор од Сончевиот систем. Новата планета била три пати поголема од Земјата.

Ново откриената планета е наречена ХД 21749 , сместена е во соѕвездието Ретикулум и кружи околу светлата и џуџеста ѕвезда која од Земјата е оддалечена 53 светлосни години.

Според првите анализи, новата планета има најдолго орбитално времетраење меѓу планетите кои досега ги идентификувал Тес. Новооткриената планета нема изразени сличности со планетите од Сончевиот систем.

Планетата ХД 21749 околу својата ѕвезда патува 36 дена, што е десет пати пократко од патувањето на Земјата околу Сонцето.

Годината на новооткриената планета треа многу пократко во однос на Земјата, но е пет пати подолга од годината на планетата „Супер земја“.

Планета која телескопот Тес минатата година ја идентификува надвор од Сончевиот систем .

Најпопуларно

To Top