Advertisements
Славни

Не бил само обичен грабеж, Озил и Колашинац се замериле со опасна банда од Лондон

Aрсенал во недела патува на натпревар против Њукасл, а за овој натпревар Емери нема да смета на Колашинац и Озил.

Стратегот на Арсенал смета дека Озил и Колашинац не се доволно психички спремни поради проблемите кои ги имаат со улична банда во Лондон.

Неодамна двајцата беа нападнати на улица. Разбојниците тогаш се обиделе да го одземат автомобилот на Озил, но Колашинац постапи храбро и тргна да се пресметува со напаѓачите, на тој начин се спаси себе и соиграчот. Од тој момент Колашинац стана херој на навивачите, а го доби и прекарот „Хулк“.

Според информациите во тој момент тие влегле во конфликт со опасна банда од Лондон. Наводно во последните денови Колашинац и Озил биле дел од неколку инциденти и се случувало во близина на нивните домови. За
среќа не е повредени, а германскиот фудбалер одлучил да плати и дополнително обезбедување да го чува неговиот дом.

Озил и Колашинац ќе мораат да почекаат да заврши полициската истрага, па целосно да се посветат на обврските во Арсенал.


Извор: Спортски

Advertisements
To Top