Не е почеток на војна – тоа Шварценегер оди на пазарење и прошетка со својот „ѕвер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жителите на еден луксузен кварт во Лос Анџелес првично биле вознемирени од премногу гласниот и продорен татнежот на едно оклопно возило со изглед на воена оклопна машина. Но, потоа сфатија за што станува збор кога видоа кој го управува и кој излезе од него.

Легенда на акциските филмови и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, кој обожава големи возила, пазаруваше во оклопно возило кое го поседува лично.

Актерот раскажа дека неговата љубов кон воените возила започнала на необичен начин: „Еднаш возев покрај конвој со педесетина воени возила. Воодушевен од глетката , нагазив на сопирачката, а возачот зад мене се заби во мојот автомобил. Јас дури и не го забележав тоа, само зјапав.”

Тој додаде дека од тој момент бил „опседнат и сакал да купи возило како воено “. И така купил Хамер.

Затоа преку посредник се јавил кај претставниците на фабриката „AM General“ за да му продадат, но тие му рекле дека не е можно затоа што автомобилот не ги исполнува спецификациите за цивилен технички преглед.

Шварценегер одбил да се смири, отишол лично да преговара со директорот на компанијата и на крајот успеал да го купи оригиналниот H1 Humvee, но дури откако бил редизајниран за да ги исполни цивилните спецификации. Откако обидот на Шварценегер бил успешен , се создаде цивилна верзија на возилото и започна производството. Првите два џипа Hummer кои излегоа од производната линија во 1992 година ги купил токму Шварценегер.