Advertisements
Вебкафе

Не им ги знае имињата на сите: Запознајте го дедото кој има 152 внуци

Мулијам Кан е 95-годишен старец по потекло од Југославија, кој живее во Инегол, на северозападот на Турција. Она што го прави посебен овој старец, освен длабоката старост во која е навлезен, се неговите 152 внуци.

Бил учесник и во Втората светска војна, за што му раскажал и на претставникот на Партијата за правда и развој во Бурса, Јилмаз Гурел, во текот на неговата посета.

Мулијам Кан зад себе има два брака и дванаесет деца. Благодарејќи на тоа, во текот на својот долг живот се стекнал со посебно богатство.

Имено, Кан има 152 внуци, поради што, како што изјавил, за некои од нив не знае ни како се викаат.

Advertisements

Најпопуларно

To Top