Неколку моќни изјави, вредни повеќе од „ТЕ САКАМ“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секој сака да ја слушне магичната реченица „Те сакам“, но некогаш ниту таа не е доволна.

Обично тоа е фраза која ја користиме на почетокот на врската, а со неа искажуваме допаѓање за нечие однесување, изглед, сите добри, помалку добри, совршени, но и несовршени ситници кои ја сочинуваат личноста. Сакаме да бидеме сакани, но уште повеќе сакаме кога љубовта се покажува низ конкретни примери.

Поради тоа повеќе од самата таа фраза, говорат некои други изјави кои покажуваат како за успешна врска е потребно повеќе од љубов.

Ви нудиме неколку моќни изјави кои во одредени моменти сакаме да ги чуеме повеќе од „Те сакам“:

Ќе ти простам

Ќе ти простам се изговорени зборови по напорниот работен ден: ќе ти ги простам сите оние ситуации во кои не сме биле свесни дека еден со друг сме се повредиле, ќе ги простам големи и мали работи.

Ќе се жртвувам за тебе

Ќе го жртвувам своето време за нешто што го сакаш, ќе останам со тебе се додека се грижиш за нашето бебе иако наутро морам да одам на работа, ќе направам нешто убаво за тебе затоа што си преладена, ќе те почитувам поради тоа што си, ќе ги почитувам твоите чувства, мислењето, ќе ги почитувам твоите соништа и желби.

Ќе те поддржувам

Секогаш ќе ти го чувам грбот. На мене можеш да се потпреш и секогаш ќе се грижам да имаш се што ти е потребно. Кога ќе паднеш ќе ти помогнам да станеш, ќе ја заштитувам нашата љубов, ќе не штитам нас од оние кои не ни посакуваат добро, ќе бидам твое уточиште, сигурно рамо, ќе бидам некој на кого можеш да му веруваш.

Секогаш ќе бидам среќен што си со мене

И додека во идеалниот свет сите овие изјави би требало да доаѓаат во пакет со љубовта, со некој кого сме го засакале токму поради недостатоците, почитта, уважувањата, простувањето, на крајот сепак не сме останале.