Advertisements
Спорт

Незапирливиот Стеф Кари ги предводеше Вориорси до победа против Портланд (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт изминатата ноќ славеа во првиот натпревар од полуфиналето во плеј-офот на свој паркет против Портланд со 116.94.

Блејзерси на самиот почеток неколку пати имаа водство, а после резултат 5:4 за гостите, Вориорсите до крајот на натпреварот водеа и ја одржуваа предност и на крајот стигнаа до голема победа.

Голден Стејт ја доби првата четвртина со 27:23, а со добрата игра продолжија и во втората четвртина и на полувреме заминаа со водство од 54:45, а Стеф Кари првото полувреме го заврши со 19 поени.

Во третата четвртина Вориорси малку го засилија темпото и стигнаа до најголема предност од 17 поени, но Портланд успеа да го намали заостанувањето и во последната четвртина се влезе со резултат 77:71 за Голден Стејт.

Домаќините до крајот не дозволија Портланд да направи изненадување и констатно ја зголемуваа својатап редност и на крај славеа со високи 116:94.

Стеф Кари ги предводеше Вориорси до првата победа со 36 поени, 6 скокови и 7 асистенции, додека Клеј Томпсон додаде 26 поени.

Кај Портланд Демијан Лилард беше најефикасен со 19 поени, додека Маруси Харклес, Мекколум и Родни Худ имаа по 17 поени.

Извор: Спортски.мк

Advertisements
To Top