Нов спот по повод 50 години од „Space Odity“ на Дејвид Боуви инспириран од „Одисеја 2001“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во чест на 50-годишнината од премиерното издавање на „Space Odity“ од Дејвид Боуви, неговиот долгогодишен продуцент Тони Висконти направи нов видео спот во форма на колаж инспириран од „Одисеја 2001“.

Новиот, свеж видео спот за „Space Odity“ содржи досега необјавени снимки од Дејвид Боуви од изведбата во живо на „Space Odity“ на неговиот концерт во Медисон Сквер Гарден во 1997 година истовремено и негов 50. роденден.

Режијата ја потпиша Тим Поуп, а вклучени се и снимки режирани од Едуард Лок, основачот и кореографот на танцовата група од Монтреал „La La La Human Step“.